Ana səhifə

Прилог VII дел 1


Yüklə 3.68 Mb.
səhifə1/18
tarix15.06.2016
ölçüsü3.68 Mb.
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   18
Прилог VII

Дел 1
Обрасци на ветеринарно-здравствени сертификати
Обрасци:


'BOV-X':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни говеда (Bos taurus, Bison bison, Bubalus bubalis и нивни вкрстени раси) наменети за приплод и/или производство по увозот

'BOV-X-EU':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни говеда (Bos taurus, Bison bison, Bubalus bubalis и нивни вкрстени раси) наменети за приплод и/или производство по увозот од земји членки на Европската Унија

'BOV-Y':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни говеда (Bos taurus, Bison bison, Bubalus bubalis и нивни вкрстени раси) наменети за непосредно колење по увозот

'BOV-Y-ЕU':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни говеда (Bos taurus, Bison bison, Bubalus bubalis и нивни вкрстени раси) наменети за непосредно колење по увозот од земји членки на Европската Унија

'OVI-X':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни овци (Ovis aries) и кози (Capra hircus) наменети за приплод и/или производство по увозот

'OVI-X-ЕU':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни овци (Ovis aries) и кози (Capra hircus) наменети за приплод и/или производство по увозот од земји членки на Европската Унија

'OVI-Y':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни овци (Ovis aries) и кози (Capra hircus) наменети за непосредно колење по увозот

'OVI-Y-EU':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за домашни овци (Ovis aries) и кози (Capra hircus) наменети за непосредно колење по увозот од земји членки на Европската Унија

'POR-X':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за свињи (Sus scrofa) наменети за приплод и/или производство по увозот

'POR-Y':

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за свињи (Sus scrofa) наменети за непосредно колење по увозот

‘RUM’:

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за животни од редот Artiodactylia (освен за говеда (вклучително и за видовите Bubalus и Bison и нивни вкрстени раси), Ovis aries, Capra hircus, Suidae и Tayassuidae), и од фамилиите Rhinocerotidae и Elephantidae

‘RUM-EU’:

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за животни од редот Artiodactylia (освен за говеда (вклучително и за видовите Bubalus и Bison и нивни вкрстени раси), Ovis aries, Capra hircus, Suidae и Tayassuidae), и од фамилиите Rhinocerotidae и Elephantidae од земји членки на Европската Унија

'SUI’:

Образец на ветеринaрно-здравствен сертификат за диви животни од родот Suidae, Tayassuidae и Tapiridae

'CAM':

Образец на посебна потврда за животни увезени од Св. Пјер и Микелон

Дополнителни гаранции (ДГ/ SG):




'A':

Гаранции за тестирање на животни на болеста син јазик и епизоотска хеморагична треска, сертифицирани согласно образецот на ветеринарно-здравствен сертификат BOV-X (точка II.2.8.B), OVI-X (точка II.2.6.D) и RUM (точка II.2.6).

'B':

Гаранции за тестирање на животни на везикуларна болест кај свињи и болеста класична свинска чума, сертифицирани согласно образецот на ветеринарно-здравствен сертификат POR-X (точка II.2.4.B) и SUI (точка II.2.4.B).

'C’:

Гаранции за тестирање на животни на болеста бруцелоза, сертифицирани согласно образецот на ветеринарно-здравствен сертификат POR-X (точка II.2.4.C) и SUI (точка II.2.4.C).

Забелешки за пополнување на ветеринарно-здравствените сертификати:




(a)

Ветеринарно-здравствениот сертификат треба да биде изготвен од страна на земјата извозник, врз основа на обрасците наведени во Дел 1 од овој Прилог, согласно формата на образецот кој одговара на соодветниот вид животни. Во него треба редоследно да се содржат здравствените гаранции кои се бараат од земјата извозник, и во некои случаи, да се наведени дополнителните гаранции кои се бараат од трета земја извозник за целата територија или за некој нејзин дел.

Доколку има потреба од дополнителни барања за сертификација за соодветниот вид животни, тие треба да бидат наведени во оригиналниот ветеринарно-здравствен сертификат.



(б)

Во оние обрасци на ветеринарно-здравствени сертификати каде се наведува дека одделна изјава се пополнува соодветно, изјавите кои не се значајни, се прешкртуваат се ставаат иницијали и печат од официјалниот ветеринар кој го издава сертификатот, или целосно се бришат од сертификатот.

(в)

Засебен и единствен ветеринарно-здравствен сертификат треба да се обезбеди за живите животни извезени од територија или територии на иста земја извозник наведена во колоните 2 и 3 од Прилог 6 Дел 1 (за живи животни-унгулати) и Прилог 6 Дел 3 (за бумбари и пчели) од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружува пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, кои се испратени на иста крајна дестинација и се транспортирани во ист железнички вагон, камион, авион или брод.

(г)

Оригинал од секој ветеринарно-здравствен сертификат се состои од единечен лист хартија, двострано или, каде што има повеќе текст, формата на треба да биде таква да сите потребни страни се интегриран дел од една неделива целина.

(д)

Ветеринарно-здравствениот сертификат треба да биде изготвен на македонски јазик, на јазикот на земјата извозник и во случај на транзит низ друга земја и на англиски јазик.

(ѓ)

Доколку има потреба од идентификација на животните кои се во пратката (точка I.28 од образецот за ветеринарно-здравствениот сертификат), дополнителни страници треба да се додадат на ветеринарно-здравствениот сертификат. Овие страни исто така ќе се сметаат за дел од оригиналот доколку секоја страна е потпишана и на неа е ставен печат од страна на официјалниот ветеринар на земјата извозник.

(е)

Во случај кога ветеринарно-здравствениот сертификат содржи дополнителни страни наведени во точка (ѓ) од забелешките и се состои од повеќе страни, секоја страна треба да биде нумерирана (број на страна од вкупен број на страни) на долниот крај од секоја страна на образецот и треба да го содржи референтниот број на ветеринарно-здравствениот сертификат определен од надлежниот орган на горниот дел од секоја страна.

(ж)

Оргиналот на ветеринарно-здравствениот сертификат треба да биде пополнет и потпишан од официјалниот ветеринар или од друг застапник на официјалниот ветеринар каде е предвидено со образецот на ветеринарно-здравствениот сертификат, 24 часа пред пратката да биде натоварена за извоз во Република Македонија. На овој начин надлежниот орган потврдува дека се исполнети начелата за сертификација еквивалентни на пропишаните во Законот за ветеринарно задравство и соодветните подзаконски акти кои произлегуваат од него односно еквивалентната Директива 96/93/ЕЗ, соодветно.

Бојата на потписот треба да биде различна од бојата со која е испечатен сертификатот. Истото правило се однесува и на печатите освен за сув и воден печат.



(з)

Референтниот број на ветеринарно-здравствениот сертификат наведен во точка I.2 и II.a, треба да бидат издадени од надлежниот орган.
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   18


Verilənlər bazası müəlliflik hüququ ilə müdafiə olunur ©kagiz.org 2016
rəhbərliyinə müraciət